Најдебелиот Британец тежок 349 кг, почина на 37 годишна возраст, кој стана познат по тоа што нарачувал брза храна од болничкиот кревет

Метју Крафорд се здоби со слава кога помина 18 месеци во болница во Сатон-ин-Ешфилд, Нотингемшир, каде што беше ставен на специјални армирани кревети. Оваа услуга ја чинеше Националната здравствена служба 7000 фунти неделно.

Крафорд остана во болница подолго од потребното, бидејќи беше невозможно да му се обезбеди домашна нега. Тој зафаќал место колку за четири обични кревети.

За време на неговото лекување, Крафорд нарачувал пица и кинеска храна. Има фотографии на кои позира во болнички кревет со шише шампањ.

Кога Крафорд бил отпуштен, тој се приклучил на група за слабеење, но не се знае дали успеал да ја намали тежината. Беше објавено дека ги потрошил парите што државата му ги давала затоа што е невработен на 65-инчен телевизор и разни претплати за спорт и забава. Освен тоа, тој ги навредувал и четирите медицински сестри кои го чувале.

Пријателите на Крафорд известија дека минатата недела тој повторно бил во болница и починал од сепса и откажување на органите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *