Најдобрата сосетка: Жена спаси цело семејство откако забележала нешто необично во нивниот дом

Соседите некогаш можат целосно да нѐ иритираат, но понекогаш можат и да ни го спасат животот буквално, а еден таков момент е фатен и на камера.

Никол Салгадо и нејзиното семејство, од Авондејл, Аризона, се разбудиле на првиот ден од новата година со силно тропање на вратата. Додека да го отворат очите сфатиле дека некој со ѕвонење и тропање сака да им го привлече вниманието.

Тоа била нивната сосетка Каролин Палиш. Семејството не знаело дека во нивната куќа започнал пожар, а жената која го забележала тоа веднаш побрзала да ги извести и да им помогне на своите соседи.

Само неколку минути откако Никол, нејзиниот сопруг и нивните четири деца избегале од куќата благодарение на Каролин, покривот се срушил и домот се наполнил со чад. Да не била Каролин тие најверојатно не би преживеале.

На снимката се гледа како Каролин продолжи да тропа очајно, решена да им помогне на соседите да избегаат, сè додека чадот и пламенот се креваа околу неа. Сосетката е прогласена за херој од страна на многу луѓе, а Никол вели дека таа е многу благодарна што ги спасила животите на нивните деца и нив самите и поради тоа секогаш ќе се тука за неа.