„Најдобриот град за живеење во светот“ има 100 годишен начин како се справува со бездомниците – затоа таму нема да видите никој како спие по улици!

Едно семејство неодамна поминало една недела истражувајќи ја Виена, Австрија, добивајќи увид од прва рака зошто е прогласена за „најдобар град за живеење во светот“ осум пати во последните десет години. Додека уживале во ефикасниот јавен транспорт и шетале низ живописните улици полни со прекрасна архитектура, тие често размислувале: „Да, би можеле да живееме тука“.

 

 

 

За разлика од секој друг голем град полн со бездомници, овде никој не спие на тротоарите. Виена има 1,9 милиони жители.

Па, дали можеби Виена е случај каде што бездомништвото е турнато настрана, во некои посиромашни населби? Сепак Виена има бездомна популација, но не и бројки или проблеми со бездомништво како повеќето модерни големи градови, благодарение на нејзиниот 100-годишен пристап кон достапно домување.

Во доцниот 19-ти век, Виена се соочила со голема криза на домување и економија, што резултирало со ниска животна возраст околу 1900 година. Од 1919 до 1934 година, градот вложил даночни приходи во јавно домување – но не како повеќето јавни домови што луѓето ги виделе. Наречени „народни станбени палати“ (Volkswohnungspaläste), тие биле повеќекатни згради изградени со квалитетни материјали и украсени со архитектонски детали, вклучувајќи зелени простори и игралишта, со лесен пристап до медицински установи, училишта, библиотеки и културни простори.

 

 

Оваа идеја дека јавното домување треба да овозможи добар квалитет на живот за сите е во сржта на пристапот во Виена до денес. Денес, над 60% од населението живее во субвенционирани станови, а речиси половина од пазарот на домување се станови во сопственост на градот или кооперативни станови. Нема стигма поврзана со јавното домување, кое е распространето низ градот.

Додека други европски градови почнале да го приватизираат домувањето во 1980-тите и 1990-тите, Виена ја задржала својата идеја, сметајќи го домувањето за човеково право. И сега редовно се прогласува за „најдобар град за живеење во светот“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *