Најдобрите лекари во Велика Британија излегоа со шокантна изјава поврзана со ракот: „Луѓето кои јадат ваков тип на храна, полесно развиваат бактерии, а подоцна и рак во стомачните органи!“
Бидејќи бројот на луѓе под 50 години кои заболуваат од рак е во пораст, еден експерт излезе да сподели кои се можните причини за овие случувања. Сега, секој може да заболи од рак, но всушност постои индикатор дали создавате совршена средина внатре во вашето тело за домаќин на канцерогени клетки.
Според анализата од 2023 година, во текот на изминатите три децении, бројот на млади луѓе на кои им е дијагностициран рак е зголемен за 80 отсто на глобално ниво. Иако многу професионалци не се сигурни зошто, експертот за рак, професор Чарлс Свантон, смета дека сето тоа е поврзано со нашата исхрана.
Онкологот во „Cancer Research UK“ верува дека она што го јадеме е јасен показател за „вознемирувачкиот“ пораст на ракот. Говорејќи во Американското здружение за клиничка онкологија минатата година, тој објасни дека имало спроведени студии кои покажуваат дека некои луѓе со ран почеток на рак на дебелото црево можеби биле „иницирани“ од бактерии во цревата. Оваа бактерија најчесто се наоѓа во цревата на оние кои јадат храна со ниски влакна и многу шеќер.
Тој рече: „Она што го гледаме во некои студии е дека некои тумори од пациенти со ран почеток на колоректален карцином имаат мутации кои би можеле да бидат иницирани од овие микробни видови“.
Мутациите може да влијаат на вашата способност да се заштитите од рак.
Професорот Свантон исто така изјави дека јадењето црвено или преработено месо може да ви даде „многу поголема“ шанса за развој на рак на дебелото црево. Овие намирници се најчесто шунка или сланина.
Метју Ламберт, нутриционист и менаџер за здравствени информации и промоција во Светскиот фонд за истражување на ракот (WCRF), изјави: „Советуваме луѓето да јадат помалку преработена, богата со заситени масти, шеќер и сол храна. Ова вклучува храна како колачи, бисквити, чипс, пијалоци засладени со шеќер и брза храна како пица и хамбургери. Овие видови храна немаат влакна и практично не содржат есенцијални хранливи материи, тие треба да се јадат само повремено и во мали количини“.
Иако ракот станува сè поприсутен кај луѓето под 50 години, околу 90 проценти од сите видови на рак сè уште се склони да се развијат кај оние над 50 години.
Според „Cancer Research UK“, 50 проценти од сите видови на рак најмногу таргетираа возрасна група над 75 години.
Коментирај анонимно