„Најдов речиси 7 милиони евра во складиште што го купив на аукција за само 440 евра. Она што следеше е неверојатен пресврт на настаните!“
Ловец на богатство откри како пронашол речиси 7 милиони евра скриени во складиште што го купил на аукција.
Среќниот човек ја открил огромната сума во половна единица за складирање што ја купил на аукција за 440 евра.

Аукционерот Ден Дотсон, кој е водител на американското ТВ шоу „Storage Wars“, откри во 2018 година дека еден од неговите купувачи дошол до неверојатно откритие по нивната понуда на аукцијата.
Во клип споделен на социјалните мрежи, тој објасни дека му пришла жена на добротворен настан во Калифорнија, која му кажала за богатството.
Ден изјави: „Една постара Азијка на масата до мене постојано ме гледаше како да сака да ми каже нешто. На крајот таа пријде и ми кажа дека нејзиниот сопруг работи со еден дечко кој купил нешто од мене за 500 евра и нашол сеф внатре. Во сефот внатре имало 6,5 милиони евра“.

Сепак, среќниот купувач не можел да го задржи богатството бидејќи на крајот морал да ја врати готовината на нејзините првични сопственици.
Ден изјави за „Бласт “, дека во тоа време ловецот на богатство бил контактиран од адвокат, тврдејќи дека ги застапува првичните сопственици на единицата. Адвокатот наводно понудил награда од 523.000 евра за парите, но таа понуда била одбиена.
Меѓутоа, втората понуда од 1.000.000 евра подоцна била прифатена што значело дека анонимниот среќен купувач морал да го врати остатокот од готовината.

Ден се запрашал како може некој да заборави толку голема сума пари скриена во сеф.
Тој додаде: „Никој не би заборавил толкава сума пари, единствено само ако некој друг освен вас бил задолжен за тоа“.

Коментирај анонимно