Најекстремните учесници на Конвенцијата за тетоважи во Манчестер

Конвенцијата за тетоважи 2022 е најголемото шоу за тетоважи во Обединетото Кралство. Настанот ги претставува сите новитети во индустријата за тетоважи во Британија и Ирска. Настанот е комбинација од многу забава, атракции и прикази. Повеќе од 350 најдобри тату артисти беа подготвени да им понудат најквалитетни тетоважи на сите посетители на настанот. Во продолжение ви ги претставуваме најекстремните учесници на Конвенцијата.