Најевтиното место за одмор во Европа: Рангирана најдобра плажа во Светот, евтина храна и кригла пиво за 100 денари
Ако сонувате за сонце, море и ледени пива тогаш Алгарве во Португалија е местото каде што треба да одите. Ова одморалиште на југот на земјата е прогласено за најевтино во Европа за одмор и петто најевтино глобално од страна на „The Post office“.
Според Post Office Travel Money, во просек може да очекувате да платите само 2 евра за чаша вино. Двајца можат да уживаат во просечен оброк од три јадења во Алгарве за помалку од 46 евра.
Јутјуберот Пит н Шел неодамна застана во Пастелерија о Кристал во Албуфеира – најголемиот град во областа – и беше воодушевен од поволните цени што ги најде. Целосен англиски појадок чинеше само 3,50 евра (250 денари), додека големите пива беа на продажба за 1,75 евра (100 денари).
Покрај евтината храна и пијалоци, областа е позната по одличното време, Алгарве ужива температури околу 30°C.
Одличното време е совршено бидејќи регионот е дом на најдобрата плажа на светот.
На неодамнешното рангирање на најдобрите плажи во светот, „Праја да Фалесија“ се најде на врвот благодарение на чистите, златни песоци и кристално чистите води кои се совршени за пливање.
„Плажата Варадеро има сè што би очекувале од совршена плажа: златен песок, тиркизно-сина вода и неверојатни зајдисонца. Нежните бранови се совршени за пливање, нуркање или кајак. Одете на риболов, играјте одбојка на плажа, шетајте покрај брегот – има многу да направите или едноставно опуштете се и уживајте во прекрасната, природна глетка (навистина не можете да погрешите)“, пишува Tripadvisor за плажата.
Плажата е во регионот Алгарве на околу 10 километри западно од Фаро.
Она што е особено изненадувачки за „Praia da Falésia“ е тоа што е толку чиста, и покрај тоа што е во една од најпрометните туристички области во светот.
Една посебна работа за плажата се карпестите формации што водат до неа. „Штом стигнав до Праја да Фалесија, пејзажот ми го одзема здивот. Светло портокаловите карпи и видливите слоеви на карпи го направија географот во мене многу среќен“, напиша блогерката за патувања Mindful Ginger Nut за неодамнешното патување таму.
A kolku košta da stigneš do tamu ….eeeee, kade ste Makedončinja
Коментирај анонимно