Најголемата санта мраз во светот е речиси целосно стопена, во кој правец оди светот?

Сантата мраз која некогаш беше најголема во светот скоро целосно се стопи откако се одвои од Антарктикот во 2017 година.

Позната како А68, огромната санта мраз зафаќаше површина од скоро 6.000 квадратни километри или четвртина од големината на Велс, кога се одвои од работ на Антарктикот.

Иако ледениот брег на почетокот беше прилично статичен, по околу една година, под влијание на силни струи и ветрови, тој започна да се оддалечува на север, движејќи се кон Јужниот Атлантик.

Порано огромната цврста маса, сега е распарчена во толку мали фрагменти што Националниот центар за мраз на САД (USNIC), кој ги следи ледените брегови, смета дека повеќе не вреди да се следи.

Адријан Лакман, од универзитетот Свонси, изјави дека е „неверојатно“ што успеа да „преживее“ волку долго откако се одвои од Антарктикот.

Иако ледените брегови обично не привлекуваат големо внимание, A68 стана нешто како sезда на социјалните медиуми благодарение на алатките за вселенски податоци што им овозможија на корисниците да го следат патот на сантата мраз низ океанот.

Ледениот брег можеби го нема, но благодарение на моќта на интернетот, тој ќе живее засекогаш во срцата на оние кои коментираат за неговиот напредок.