Најголемиот гејзер во светот повторно избувна во Јелоустоун по години тишина – ќе следи ли ерупција на супервулканот со катастрофални последици?

Најголемиот гејзер на светот повторно “се разбуди” во националниот парк Јелоустоун, избувнувајќи по прв пат од 2020 година. Изненадната активност го поттикна стравот меѓу експертите и јавноста дека можеби следниот е супервулканот, чија ерупција би имала разорни последици.

Најголемиот гејзер во светот повторно избувна во Јелоустоун по години тишина – ќе следи ли ерупција на супервулканот со катастрофални последици?

Ехинус – најголемиот киселински гејзер во светот се активираше по долга тишина

Гејзерот Ехинус, кој се наоѓа во басенот Норис во Јелоустоун, е со дијаметар од околу 200 метри. Во 1970-тите години тој редовно еруптираше по 90 минути, испрскувајќи жешка киселинска вода до 23 метри во воздухот. Активноста драстично опадна последните децении, со само четири ерупции помеѓу 2018 и 2020 година. По тоа, гејзерот целосно замолкна – се додека сега, на 7 февруари, повторно не беа евидентирани ерупции кои траат до три минути и достигнуваат висина од 9 метри. „За прв пат од 2020 година, гејзерот Ехинус еруптира!”, објави Геолошкиот институт на САД (USGS).

Ехинус – најголемиот киселински гејзер во светот се активираше по долга тишина

Страв од зголемена активност на супервулканот по серија ‘скриени’ земјотреси

Научниците изразуваат загриженост бидејќи неодамнешни истражувања покажуваат дека под Yellowstone National Park се регистрирани повеќе од 86.000 „скриени“ земјотреси во периодот меѓу 2008 и 2022 година. Околу половина од нив се случиле во серии – појава што често се смета за можен претходник на вулканска активност. Сепак, експертите велат дека засега нема причина за паника. „Во моментов не се случува ништо сериозно… магмената комора е речиси целосно зацврстена,“ вели Mike Poland од Yellowstone Volcano Observatory, додавајќи дека новите мерења сепак оставаат простор за претпазливост.

Мистеријата на издржливоста на гејзерот Ехинус: слаба киселост овозможува долготрајност

Повеќето киселински гејзери брзо се распаѓаат бидејќи киселината ја разградува карпата низ која се движи водата. Но, кај Ехинус, киселината е слабо концентрирана – повеќе наликува на сок од портокал или на оцет, според USGS – и затоа системот на гејзерот опстанува со децении. Геотермалните процеси што ги овозможуваат овие експлозии се резултат на жешка, минерална вода што се пробива низ пукнатини во карпите.

Потенцијал за ерупција што би го променила светот

Вулканот под Јелоустоун крие огромен резервоар со магма и потенцијал за ерупција од осма категорија, што би била 100 пати помоќна од ерупцијата на Кракатау. Во историјата се бележат три катастрофални експлозии, а според USGS: „Просечното време меѓу ерупции е околу 725.000 години. Значи се уште има околу 100.000 години, сепак оваа пресметка е без голема смисла бидејќи се заснова на само два интервала меѓу ерупции.“

Дали е можно да се ‘излади’ супервулканот? =

Научниците од НАСА размислуваат за длабоко дупчење (до 10 километри) под Јелоустоун за да вбризгаат вода под голем притисок и така да ја ладат магмата. Оваа операција би чинела 3,46 милијарди долари, но се смета дека може да доведе до создавање геитермална централа, со ниска цена на струја од околу 0,10 долари по kWh. Сепак, ваков потег може да предизвика токму она што НАСА сака да го спречи – супервулканска ерупција. „Дупчењето директно во горниот дел од магмената комора е многу ризично; но при внимателно дупчење од страничните делови – можеби ќе успее. Дури и тогаш, процесот би одел екстремно бавно, не повеќе од еден метар годишно, што значи дека би требало десетици илјади години за да се излади целосно. И пак, не постои гаранција за успех ни за стотици или илјадници години во иднина.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *