Најголемото штрково гнездо во Македонија и Европа, продолжува да го краси Чешиново

Штрковите се птици преселници кои ретко се откажуваат од својот дом и постојано се враќаат назад. Иако ги има насекаде во светот Чешиново може да се пофали со најверојатно најголемото штрково гнездо во Европа. Гнездото кое се наоѓа на 3,2 метри било дом на повеќе генерации на штркови, затоа што штрковите повторно ги користат старите гнезда.

Минатата година било извршено пребројување на штрковите во Чешиново од страна на здружението „Оризова братимка“ и вкупно имало 21 гнездо. Во Чешиново штрковите гнезда можат да се најдат на кровови на куќи, Задружениот дом и бандери. Во „Европското село на штрковите“ околу највисокото гнездо е изграден еко-етно парк, каде што се одржал и првиот фестивал на оризот.

Фото: Стојанче Тано