Најкраткиот брак на светот: Траел само 3 минути, а причината за разводот е и повеќе од доволна!

„Новопечен“ пар во Кувајт се развел само три минути по нивната свадбена церемонија поради несреќен коментар на младоженецот. Оваа приказна за најкраткиот брак стана вирална на социјалните мрежи.
Настаните се случиле на свадбена церемонија кога младоженецот, откако ги изговорил заветите за вечна љубов и посветеност, одеднаш ја нарекол својата невеста „глупава“. Причината за овој неочекуван коментар бил кога невестата се сопнала пред олтарот.

 

 

Еден гостин на свадбата, кој бил сведок на оваа необична случка веднаш ја споделил ситуацијата на социјалните мрежи. „Премногу ја исмејуваше невестата“, напиша тој за младоженецот во својата објава.

Инцидентот доведе до тоа младенците да ја објават својата одлука за развод само неколку минути по венчавката. Судејќи по реакцијата на гостите, многумина останале шокирани од ваквиот неочекуван исход. И, иако овој брак траел само неколку минути, ќе остане во сеќавање на многу луѓе.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *