Најлесната и највкусна печена болоњезе паста – совршен оброк за целото семејство
Печена паста е омилено решение за вечера преку неделата, благодарение на едноставноста и можноста да користиме разни состојки. Болоњезе е класика во многу домови, но една готвачка ѝ даде нов шмек.
Познатата британска готвачка Мери Бери го нарече својот рецепт „едноставна болоњезе печена паста” и вели дека се подготвува за помалку од 30 минути. Прво ја презентираше во емисијата „Мери Бери – едноставни задоволства”, а сега е достапна и на интернет и на страницата на BBC.
„Одозгора е крцкаво кафена, а во внатрешноста мека… Не можам да замислам ништо подобро од оваа прекрасна паста,” раскажува Мери Бери.

Содржина:
Потребни ви се само неколку садови и малку време – оваа болоњезе се подготвува лесно
Сѐ што ви треба се длабока тава или тенџере, тенџере со капак и голем плиток сад што може да оди во рерна. Совршено за брза, готварска авантура по работен ден!
Состојки:
• 675 г мелено говедско месо
• 350-550 мл говедска супа, во зависност од тоа колку е плиток вашиот сад за рерна.
• 250 г сечкани печурки
• 400 г (две конзерви) сечкани домати
• Два сечкани кромиди
• Две сечкани стапчиња целер
• Две мелени чешниња лук
• Две лажици сос Ворчестер
• Две лажици желе од црвена рибизла
• Една лажица маслиново масло за готвење
• Една лажица путер за готвење
• Една лажица мајчина душица
• Сол и бибер по вкус
За врвот:
• 50 г рендано чедар сирење
• 30 г пармезан сирење

Чекор по чекор: Како до совршено болоњезе за само 30 минути
• Загрејте ја рерната на 200 степени.
• Загрејте малку масло во длабока тава. Ставете кромид и целер и пржете на силен оган три минути додека не омекнат.
• Додајте месо и со помош на две дрвени лажици распарчете го, бидејќи месото обично се лепи. Пржете додека не добие златна боја.
• Ставете лук и доматно пире во сосот и добро промешајте. Додајте Ворчестер сос, домати и желе од рибизли. На крајот ставете говедски бујон и зачини со сол и бибер. Покријте и динстајте на тивок оган околу 30 минути.

Совршено подготвени печурки за богата арома и вкус
Печурките пржете ги посебно пет минути. Во затворено тенџере растопете путер и кратко пржете ги печурките на силен оган една минута. Покријте со капак и гответе уште две минути. Отстранете го капакот и пржете уште две минути на силен оган.
Додајте ги печурките и малку мајчина душица во болоњезе сосот и убаво промешајте.
Пастата е клучот за совршено болоњезе – варете, измешајте, испечете до совршенство
Пастата сварете ја во зовриена вода додека не омекне. Исцедете, исплакнете и ставете ја во болоњезе смесата.
Истурете ја смесата во голем плиток огноотпорен сад, наросете обилно со кашкавал и печете 25 до 30 минути додека одозгора не стане златно и не почне да врие. Послужете веднаш, топло од рерна.

Коментирај анонимно