Најмладата добитничка на лото во Велика Британија сега живее од социјална помош

Најмладиот добитник на лотаријата ЕвроМилионс, по 18 години, остана без егзистенција. На 16-годишна возраст, Кали Роџерс освои 1,8 милиони фунти што ги потроши залудно. Последна сламка беше што на девојчето и беше одземена возачката дозвола откако беше приведена во алкохолизирана состојба. Жителката на Велика Британија се обиде да се извлече од потерата, а како резултат на тоа, полициските службеници мораа да користат спреј за да ја смират. Таа е мајка на четири деца и парите од лотарија ги потрошила на брз живот. Си ставила силикони во градите и направила неколку операции, трошела на дрога и алкохол како и скапа облека. Се расфрлала со парите по роднините за на крај да остане со ништо.