Најмладиот жител на зоолошката градина во Амстердам доби сопствена када и не може да ѝ се изнарадува

Слончето е родено во зоолошката градина АРТИС во Амстердам пред два месеци и секој ден сѐ повеќе открива и експериментира.

Оваа недела чуварите поставија бања во неговото живеалиште. Во природата, слоновите многу играат со вода и се прскаат со кал за нега на кожата. Тие исто така сакаат да пливаат. Погледнете како слончето се капе овде.