Најнов тренд – танга блуза: Ако немате маичка ќе си облечете гаќи и чиста работа. Што има врска ако се проѕира?

Дали некогаш сте размислувале да ја носите вашата долна облека како маичка? Не во секси боди или корсет од чипка, туку како самостојно парче. Епа ако не сте размислувале значи вие не сте во мода!

Сари од Лос Анџелес за разлика од сите нас е во мода и сподели фотографија како носи „танга блуза“. Да добро слушнавте!

 

А инаку оваа „маичка“ се продава по цена од 95 долари и се смета дека е супер за комбинирање ова лето.

Додека некои го сметаа стилот интригантен, други не беа толку импресионирани. Многумина го споредија горниот дел со „џиновска танга“ или со озлогласениот костим за капење на Борат.

Но ние предвидуваме дека наскоро ќе ја видиме Бјанка Ценсори во некое вакво издание.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *