Најнова измама со лажни ПОЦ казни оставени на возила во Скопје! Споделете, раскажете, предупредете 👇
Измамата води на лажен сајт за наплата кој краде броеви на картички и лични податоци за понатамошна продажба, кражба и злоупотреба на идентитет.
Измамата започнува со оставање на физичко ливче (казна) на возилото, со наводен QR код кој треба да се скенира за да се плати казната. QR кодот води на сајт со следниот линк (намерно скршен за да не кликнат луѓе) https[://]freezonebelgrade [.]org[/]PayDpk.html
Страната прво бара да се внесат лични податоци, некаков број од казната, потоа отвора форма за број на картичка (Бројот на картичка на сликите е лажен)
Страната не валидира ниту еден податок, можете да внесете што сакате. Кога ќе притиснете “плати”, добивате безусловна порака за успешно плаќање – дури и со лажни податоци.
Целта не е веднаш да ви извлечат пари, туку да ги украдат личните податоци и бројот на картичка.
Измамата може да трае и подолго време бидејќи жртвата нема веднаш да види штета. Криминалците се локални и не сакаат да се изложат на ризик да генерираат трансакција бидејќи секоја трансакција мора да е од регистриран трговец кој ќе го најдат банките локалната полиција.
Криминалците ќе заработат подоцна со трансакции на странски сајтови или со продажба на украдени податоци
Ако некој внел картичка на ваков сајт, ВЕДНАШ блокирајте ја картичката. Не верувајте на QR код. Најдете го регистрираниот сајт на Google и платете директно на него.
Автор: Божидар Спировски
Коментирај анонимно