Најнова студија открива вознемирувачки факт: Дали микропластиката која е речиси насекаде може да стигне до нашиот мозок?
Во денешно време, микропластиката може да се најде речиси насекаде, од нашата вода и храна до човечката плацента. Но, најновата студија на глувци открива уште повознемирувачко прашање: Дали овие ситни честички можат да стигнат до нашиот мозок и да влијаат на нашето здравје?
Во експеримент на глувци, истражувачите користеле микропластика со големина од 20 до 200 nm. Глувците биле хранети со диета дополнета со микропластика четири недели, по што биле анализирани примероци од нивното мозочно ткиво.
Научниците открија дека ситните микро и нанопластики можат да ја преминат крвно-мозочната бариера, која нормално го штити нашиот мозок од туѓи материи, и да навлезат во мозокот дури два часа по јадење. Овој механизам досега беше непознат за науката и може да го зголеми ризикот од разни невролошки нарушувања, вклучувајќи Алцхајмерова или Паркинсонова болест.
Според податоците, 90.000 пластични честички може да завршат во водата што човек ја пие од шишиња секоја година. Ова многу ги загрижува медицинските работници, кои веќе се свесни за тоа како микропластиката може да се движи низ телото и да предизвика голем број на болести.
Но, како можеме да се заштитиме од оваа невидлива закана? Според истражувачите, првиот чекор би можело да биде ограничување на употребата на пластика, особено во пакувањето на храната и шишињата за пиење. Можете исто така да избегнувате храна која може да содржи микропластика.
Така, иако микропластиката е сè почест проблем, постојат начини на кои можеме да преземеме акција за да го заштитиме нашето здравје. Но, со оглед на последиците кои можат да бидат поврзани со пенетрацијата на микропластиката во мозокот, секој од нас мора да внимава што консумира и како се справува со пластиката.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно