Најнови македонски вести (виц)
Почнуваат вести на телевизија.
„Ова се настаните на денот:
Министерот за образование по петти пат не успеа да ја положи матурата. Министерот за здравство се онесвести на крајот на редицата пред амбулантата. Умре пратеник од глад, во обид да преживее еден месец со минимална плата.“
Задоволен дедото ја пушти златната рипка.