Најновите битолски прекари (виц)

Како ќе го викаат во Битола првиот што ќе се вакцинира:
1. Фајзеро
2. Бил Гејцо
3. Менде Чипо

Бонус:

Да беше Апасиев од Битола ќе го викаа Дуплио, затоа што е мал, ама на секоја анкета рејтингот дупло му расте.

Распусто – оти е роден на 10 јуни
Лагата! – оти има куси нозе 🙂
Резило – пошол да си купва патики по влечки и по чорапи
Свиоко – живеел на некоја кривина!
Неспремното – оти ко му се пуштала некоја (грда?) и` рекол „не сум спремен“.
Сантимо – за сантим немал два метра кутар тој 199цм….
Ајкула – оти ко ќе тргал марихуана ајкули му излегвале
ЌОШО – оти Ивица се вика
ЛАНОТО – Одпрво ЛАЈНО му викаја, па се лутел многу, па после нагалено почнаја ЛАНО да го викат!
Мутето – Оти мајка му и татко му глувонеми биле
ДРЏO – домашна расна џукела
Нитрото – оти црногорец е детето и “екстремно е брзо”
Индексо – прв во цела мала се запишал на факултет
ЏОГЕРО – висок, слаб со виткана коса
Купусо – оти се истрижал неубо и личел на зелка + љубел некоја дебелка – каца.
Ленче шц – сите машки шц праеле ко ќе поминела кркркр
Џоле – Салафета ! оти женска му има фабрика за салфетки
Спидоo – оти секое лето шљака со speedo влечки по Широк Сокак!
Кофчего – интерен прекар за една висока, згодна и мрачна металка 🙂
Индексо – единствен во друштвотo со факултет
Децималнио – не е баш „точен“, нормален
Ќор – Оти на сите му викаше „Кај си Саша“ 🙂
Пеце Грдио – оти имаше едно кремче и беше фаца и на сите им викаше:„Кај си бе, грд!“
ФЛОРЕ – оти љубовницата му се викаше Флорида
Казанова – оти ко казан бил во главата
Џони Walker – Австраљанецот шо го вртеше корзото по 20-30 пати денот (порано се криеше од сите со раката настрана), во последно време шеташе гушнат со сок од 1 1/2л. во пластичнo
Пожаро – оти мајка му и татко му отишле во пожарна на родителска
Струјата – оти го акна струја од појачало за бас пред да почни свирката……исто така познат како Мики-добиено по неговиот мачор………..исто така познат како Коцка-не се знај оти..
РАБРАТА – професор по биологија шо секоја реченица ја завршвал со рабра? (разбра?)
Поштенио – оти секој ден покрај поштата поминвал.
Коцката – Оти многу бил многу по коцкањето
Тротоаро – Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.