Најочекуванот календар во годината пристигна со добра цел: Уживајте во глетката на полуголите пожарникари и со еден клик спасете ги овие преслатки кучиња кои позираат со нив

Започнете ја новата година со уживање во фотографиите од пожарникари без маици, а истовремено помогнете да се спасат животните.

Календарот „Fire Rescue Dogs 2025“ ги прикажува некои од најзгодните пожарникари кои држат слатки кутриња.

 

Овој 13-месечен календар, кој опфаќа период од декември 2024 до декември 2025, претставува 18 пожарникари со совршено извајани тела. А ако нивниот изглед не е доволен за да го закачите овој календар на вашиот ѕид, тие исто така позираат со разни преслатки кучиња.

Календарот се продава на Amazon за само 19,99 долари и е совршен подарок за оние кои сакаат да се воодушевуваат на пожарникари во одлична форма и истовремено да помагаат во спасувањето на животни.

Средствата од продажбата директно одат за „Lifeline Puppy Rescue“, непрофитна организација која секоја година спасува над 1.800 кутриња од засолништа со висок ризик.

Според „Fire Rescue Dogs“, фотосесиите се одржуваат во противпожарни станици и центри за обука, користејќи реквизити со отворен пламен, водни црева и противпожарна опрема – сè со највисок приоритет за безбедноста на кутрињата и пожарникарите.

Оваа организација, лоцирана во Колорадо, не само што спасува преслатки кутриња, туку и го истакнува добриот изглед на пожарникарите.

Во календарот, пожарникарите позираат облечени во униформи – но без маици. Исто така, носат црни боксерки кои ѕиркаат од панталоните, со натписот #HelpPuppies.

Покрај тоа што држат преслатки кутриња, пожарникарите се фотографирани и со разни алатки.

Според организацијата, „Средствата собрани од продажбата на календарот ќе се искористат за неколку големи трошоци, како што се вакцинации, лекови, стерилизација/кастрација и животоспасувачка ветеринарна грижа. Доколку останат дополнителни средства, тие ќе бидат наменети за реновирање на засолништето со цел да се одржи во врвна состојба. Како што нашите храбри пожарникари спасуваат животи секој ден, така и „Lifeline Puppy Rescue“ спасува четириножни пријатели кои имаат потреба од свој дом“.

 

„Lifeline Puppy Rescue“ е засолниште кое не врши еутаназија и е основано во 1993 година. Од тогаш, има вдомено над 34.000 кутриња на семејства во регионот Роки Маунтин, Канзас, Тексас и Ново Мексико.

„Организацијата спасува кутриња помлади од 12 недели од засолништа или други спасувачи кои не се подготвени соодветно да се грижат за нив или да им најдат добар дом.“

Оваа година се одбележува десетгодишниот јубилеј од издавањето на овие календари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *