Најпознатата спонзоруша во светот која, меѓудругото, ќе ви ја објасни разликата помеѓу проститука и тоа што го прави таа. Видлива разлика навистина

Нина Петерсон изградила луксузен живот излегувајќи со „елитни мажи“ со успешни кариери и екстремно богатство – сега тренира други жени кои сакаат да ги следат нејзините стапки. На 16-годишна возраст, Нина за прв пат отишла под нож – зголемување на градите финансирано од нејзиниот прв германски спонзор (sugar daddy). Оттогаш, Нина потрошила над 500.000 долари за одржување на својот изглед.

Нина решила да основа агенција за да им помага на други девојки да ги запознаат своите милионери. Денес Нина има менторска сесија со една од нејзините следбеници, Лин, која се стреми да „биде исто како Нина“ и бара да го запознае нејзиниот маж од соништата.

„Луѓето имаат тендеција да го споредуваат овој начин на живот со проституција и е сосема погрешно. Проституцијата е само односи, а да се биде спонзоруша (sugar baby) е да градиш врски со луѓето“. – Сфативте?

И таа вели дека им помага на жените да станат гламурозни, да најдат љубов и да ги најдат своите спонзори. Чудна комбинација на љубов и спонзор во иста реченица, но најверојатно не станува збор за љубов кон него нели..

Ироничното е дека според неа идеалната кандидатка за таа да ѝ помогне да ги најде сите овие прекрасни работи во животот, е убава, млада, амбициозна девојка, која истовремено е и независна. Навистина интересен избор на зборови со оглед на тоа што бараат во животот. Па претпоставуваме дека таква девојка е 22 годишната Лин која што вели дека сака нешто значајно, нешто што ќе трае, некој маж што сака да се смири и да го помине животот со неа. Но, нели и да има доволно средства да се грижи за неа и нејзините потреби, затоа што таа е многу независна така беше?

Но, всушност не грижете се Лин иако има 22 години е ептен стара школа и покрај тоа што е амбициозна, независна како што кажавме, таа смета дека жените не треба да работат, туку да ги трошат парите на мажите. Затоа што во минатото нели тоа правеле додека мажот е на работа, оделе да пазарат во скапи бутици и во спа центри.