Најромантичната приказна за овој 14 февруари: „Го запознав мојот сопруг додека претуравме во контејнер- сега очекуваме бебе“

Ерин Шефилд (39) и нејзиниот сопруг Дејв (35) се запознале во контејнер во Бафало, Њујорк во 2009 година.

Дејв живеел во Бафало кадешто учел механички инженеринг на Универзитетот во Бафало, а Ерин неодамна се преселила таму за да работи во продавница за велосипеди. Двојката, која се вериле во 2020 година, се венчале во 2021 година и чекаат девојче во април, па повод убавите моменти заедно ја споделија својата приказна за тоа како се запознале.

 

 

„Почнав да „нуркам“ во контејнери уште на колеџ. Дејв беше прилично сличен. Штотуку се преселив во Бафало и самостојно го правев тоа“, објасни Ерин, која сега работи како добротворна координаторка.

Еден ден, кога Ерин отишла да претура во контејнер кај Универзитетот во Бафало, го забележала својот иден сопруг.
„Се сретнавме во контејнер. Го видов, ја подигнав главата и прашав што прави. Тој скокна надвор, исчистивме се што имаше и го поминавме денот претурајќи заедно во контејнерот“, рече таа.

„Разменивме броеви и продолживме да се дружиме и оттогаш го правиме тоа како двојка“, додаде таа.

 

 

Додека нуркале во кампусот, во кантите нашле учебници, скапи калкулатори, канцелариски материјали и детергент за перење. Кога почнала пандемијата, тие нашле уште повеќе богатство во корпите за отпадоци. Меѓу нивните награди имало старо железо, мебел и други секојдневни предмети што почнале да ги продаваат на „eBay“ или „Facebook Marketplace“.

 

 

 

„Би рекол дека заработивме 20.000 долари годишно со препродажба“.
Не само што можат да најдат предмети за продажба, туку можат и да си подаруваат романтични подароци.

„Најдов рози во контејнер за нашата годишнина – тие беа совршени, не беа ни стари“, рече Дејв.

 

 

Двојката одлучила да направи и нов бизнис. Тие продолжуваат да прават и повеќе од продажба на предмети на социјалните мрежи за да основаат компанија наречена „Lost Goods“ каде што ќе ги продаваат своите богатства што ги нашле во контејнер.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *