Најскапите во Европа: Земји кои ќе ви го „забиберат“ преминувањето на патишта и мостови

Неодамна објавивме Твит во кој се проценуваа трошоците на просечен велешанец за патарини доколку работи во Скопје и иако ова е многу сепак има и „посолени“ цени низ Европа. Од друга страна реалноста ни вели дека овие луѓе можат да си ги дозволат поскапите патарини, но ајде да разгледаме каде ќе треба да „потрошиме“ доколку тргнеме со автомобил низ Европа, а каде можеме да се движиме сосема бесплатно.

Според една британска студија која анализирала колку треба да потрошиме за патување по патишта, мостови и тунели, Французите имаат највисоки патарини во Европа, додека патиштата во земји како Финска, Естонија и Монако се бесплатни. Во Естонија патарините се плаќаат само за возила потешки од 3,5 тони.

Значи, ако се одлучите за патување и не сакате да трошите премногу на патарини во Франција, Италија и Норвешка, можеби ќе сакате да свртите на споредни патишта.

На пример, патувањето од Париз до Марсеј на А6 / А7 ќе чини околу 4.000 денари. Италијанската рута од Милано до Неапол чини 3.700 денари, додека Норвешка е на трето место според цените на патарините.

Од Бодо до Осло треба да се издвојат околу 3.200 денари. Меѓу поевтините мостови е тој што ги поврзува Норвешка и Шведска – Свинесундсброн чини околу 130 денари, а патарината за Велики Свети Бернард во Швајцарија чини 1.600 денари. Најевтини се тунелот Созина во Црна Гора и пристанишниот тунел во Даблин, Ирска.