Најслатките фустани на овогодинешната модна ревија на чоколадни фустани што се одржа во Дубаи

Salon du Chocolat е годишна изложба на меѓународната чоколадна индустрија. Настанот првпат се одржал во Париз во 1994 година со поддршка на француското Министерство за надворешни работи. Оттогаш, изложбата се одржува во различни градови во светот, како Њујорк, Токио, Пекинг, Москва и многу други.

Salon du Chocolat оваа година за прв пат се одржа во Дубаи. Посетителите на изложбата можеа да ги истражуваат штандовите на водечките светски производители, да пробаат разновидни чоколада и секако, да уживаат во оригиналните фустани направени од чоколадо.