Најстарата жена што се породила во Македонија: 61 годишна скопјанка го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија
61 годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, станувајќи најстарата жена во Македонија која го презела овој подвиг. Детето е зачнато преку ин витро оплодување, а и мајката и новороденчето се во стабилна здравствена состојба.
Жената е 37 години во брак имала направено 10 ин-витро процедури исто така имала и 10 спонтани абортуси, но никогаш не се откажала од желбата да стане мајка.
Најстарата жена која се породила во Европа е Адријана Илиеску од Романија. Ја родила својата ќерка Елиза на 16 јануари 2005 година, на возраст од 66 години.
Адријана забременила преку ин-витро оплодување (ИВФ), користејќи донаторски јајце клетки и сперма.
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев, го потврди ова како значаен успех за македонската медицина.
„Бебето Петар на свет го донесе највозрасната пациентка во нашата држава. Оваа пациентка е првата што останала бремена со сопствена јајце-клетка, која што била криопрезервирана (замрзната), која што добила ин-витро третман во нашата држава, целата бременост ѝ била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.”
Според неа, царскиот рез е извршен во 36-тата недела од бременоста, а и покрај предизвиците, пациентката и бебето се во добра состојба.
„Кај пациентката направивме царски рез во 36-та гестациска недела и таа роди плод, Петар тежок 2 килограми и 350 грама и 48 сантиметри долг“.
Коментирај анонимно