Најстариот маж во светот ја споделува неговата животна филозофија за долг и среќен живот

Човек од Порторико официјално е најстариот маж во светот, со неверојатни 112 години и 326 дена.

Емилио Флорес Маркез, кој живее во Рио Пиедрас, сега го надмина рекордот што претходно го држеше Романецот Думитру Коменеску (роден 21 Ноември 1908 година), кој почина на 27 Јуни 2020 година, на 111 години и 219 дена.

Статусот на Емилио како најстар човек во светот го потврди тимот на Гинис, кој го почести со сертификат во неговиот дом.

Емилио е роден на 8 Август 1908 година во Каролина, на североисточниот брег на Порторико, втор најстар од 11 деца родени од родителите Алберто Флорес Мелендез и Маргарита Маркез-Гарсија.

Од рана возраст, Емилио му помагал на неговиот татко да се грижи за нивната фарма со шеќерна трска и, како првороден син, исто така се грижел за неговите помали браќа и сестри.

Емилио се оженил со Андреа Перез, тие уживале во среќен брак 75 години се до нејзината смрт во 2010 година. Нивниот брак донесе четири деца, кои пак го благословија Емилио со пет внуци и пет правнуци.

Добри единаесет години откако му беше поставен пејсмејкер на возраст од 101 година, за Емилио, познат кај најблиските како „Дон Мило“, сè уште се вели дека е силен и со добро здравје, уживајќи во животот и покрај тоа што го изгубил скоро целиот слух.

Емилио живее според филозофијата дека, за да живеете среќно, треба да има многу љубов и да се воздржиме од чувство на лутина.

Споделувајќи ја својата мудрост, Емилио рече:

„Татко ми ме воспита со љубов, сакајќи ги сите. Тој секогаш ми велеше на мене и на моите браќа и сестри да правиме добро и да споделуваме сè со другите“.