Најтажната свадбена приказна: Младенци поканиле 75 луѓе на нивната свадба, за да ги отворат вратите од салата и да видат дека не им дошол речиси никој
Калина Мари и нејзиниот сопруг Шејн очекувале незаборавен свадбен прием, но доживеале огромно разочарување кога по влегувањето во салата забележале дека речиси никој од поканетите не дошол.
На TikTok, Калина откри дека поканила околу 75 лица, од кои 25 добиле специјални покани, но само пет се појавиле. И покрај разочарувањето и празните столови, двојката решила да ја искористи можноста и да прослави со малкумината гости.
Овој настан привлече поддршка и сочувство на социјалните мрежи, а некои следбеници предложија повторна прослава во друго врее. Калина и Шејн, кои се заедно девет години и планирале свадба пред пандемијата, сè уште се обидуваат да ги надминат болката и разочарувањето што го доживеале на својот посебен ден.
Зошто поголемиот број гости не дошле, останува мистерија.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Јебига!
Коментирај анонимно