Најубавата фудбалерка во светот, Ана Марија Марковиќ, се збогува со нејзиниот досегашен клуб, португалската „Брага“
Хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ, позната како „најубавата фудбалерка во светот“, објави дека го напушта португалскиот клуб „Брага“ на последниот ден од преодниот рок.
Марковиќ (25) пристигна во „Брага“ во август, откако четири години играше за швајцарскиот „Грасхоперс“. Нејзиното преминување во Португалија беше првото искуство со професионален фудбал надвор од Швајцарија, но нејзината авантура таму траеше само половина сезона.
На „Инстаграм“, каде што ја следат 3,1 милиони обожаватели, таа сподели емотивна порака и фотографии со соиграчите, истакнувајќи дека, и покрај краткиот престој, многу напредувала како фудбалерка.
„Некогаш работите не одат според планот. По само половина сезона, одлучив да си заминам од „Брага“. Ова беше кратко, но интензивно искуство со подеми и падови, но многу научив и напредував. Најдобриот дел? Дефинитивно моите соиграчи! Ви благодарам за поддршката, тимскиот дух и прекрасните моменти на и надвор од теренот – вие сте неверојатни! Благодарност и до клубот за професионалноста и до навивачите за поддршката. Патувањето продолжува и возбудена сум за тоа што следува!“
Марковиќ не откри каде ќе ја продолжи кариерата, оставајќи ги навивачите во исчекување на нејзиниот следен потег.
Коментирај анонимно