Најубавиот ден на невестата го направи уште поубав: Младоженец ја изненади својата идна сопруга на начин на кој секој би посакал

Пар среќни стапала газеа по патеката, но не беа на невестата. Младоженецот дефинитивно знае како најубавиот ден да ѝ го направи уште поубав, а невестата немаше проблем што овие гости го украдоа центарот на вниманието.

„Мојата сопруга обожава пингвини, па веднаш знаев дека треба да најмам пингвин и тој да ги донесе прстените“ – се пофали младоженецот Џои Кејлти (36) од ОК.

 

Кејлти, електричар од Ливерпул, ја ангажираше Виџет, шоу-пингвин, за да ја воодушеви тогашната свршеница Керилеа (38) на нивниот голем ден откако бил инспириран од нејзината длабока љубов кон пингвините.

 

И покрај овие приговори, Кејлти вели дека појавувањето на денот на свадбата на Виџет бил огромен успех, а тоа можете да го видите на видеото подолу.

„Реакциите на сите беа неверојатни, особено од нашите ќерки и внуки“, рече тој. „Керилеа мислеше дека е навистина слатко… Имаше солзи во очите“.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *