Најубавиот пат во Македонија: Место каде мора да застанете барем за една фотографија

Ако барем еднаш сте возеле по овој мирен, тивок и див пат, сигурно сте го паркирале автомобилот и сте излегле за да ја впиете глетката, а и не ве судиме ако сте направиле и по некоја фотографија.

Без разлика  дали ќе одите за време на златните бои на есента или прекрасното зеленило на пролет, овој пат ќе ве остави без здив.

Единствениот асфалтиран пат до село Галичник води низ националниот парк Маврово, покрај самото Мавровско Езеро.

На околу 2,5 километри пред скијачките терени, патот скршнува на запад и се извишува по прекрасните падини на Бистра и оттука се потребни уште околу петнаесетина километри за да се пристигне во селото.

Со оглед на големата надморска висина од околу 1700 м н.в., патот најчесто не е прооден во зима.

 

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.