Највисоката камена кула на светот: Место на кое никој не смее да се искачи

Највисоката камена кула во светот изгледа како точка во Тасманското Море, границата на Тихиот Океан помеѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток.

Оние кои ја виделе од блиску не можеле да поверуваат на нејзината големина. Со своите 562 метри кои се издигнуваат од синилото, Баловата пирамида се чини дека ги допира облаците.

Речиси двојно поголем од Ајфеловата кула, овој камен старец се наоѓа на околу 700 километри североисточно од Сиднеј. Пирамидата е всушност изгаснат вулкан чиј единствен врв останал над водата, а последен пат бил активен пред седум милиони години.

Оттогаш околу него си играат птици, риби, како и други морски суштества, а тоа го привлекува вниманието на морнарите, пилотите, но и на планинарите кои сонуваат да се искачат на врвот. Првиот човек за кој се знае дека ја видел оваа огромна кула бил Хенри Бол, кој јасно ја нарекол по себе. Во 1788 година, Хенри пловел со бродот Supply, превезувајќи доселеници во Норфолк.

На околу 20 километри од пирамидата се наоѓа островот Лорд Хау, од кој чамците често се упатуваат кон пирамидата за да се восхитуваат на нереалната големина на овој австралиски Еверест. Само неколку алпинисти успеаја да се справат со силните бранови за да се искачат на врвот на пирамидата.

Но, тоа е само почеток на искушение. Причина за тоа се кревките карпи кои се уриваат во морето и претставуваат голема опасност за планинарите, поради што е забрането искачувањето на пирамидата. Казната за непослушните планинари е 5.000 долари.