Најзелени во светот: 5 турбо-модерни градови кои живеат во хармонија со природата

Овие пет градови се големи и значајни во нивните земји. Сите тие имаат долги патишта, изградени модерни згради, но сето тоа е направено во хармонија со природата. Значи, во сите нив, големо внимание беше посветено на одржливиот развој и градовите сега изгледаат неверојатно!

Копенхаген

Со текот на годините, данската престолнина освои многу награди поврзани со екологијата и скоро стана досадно. Сепак, со одлична инфраструктура за велосипедизам и можност за пливање скоро во центарот на градот, тешко е да не бидете фасцинирани. Исто така, има многу зеленило, па Копенхаген е целосно град скроен за човекот.

Ванкувер

Веднаш до Тихиот океан и дивите планини на Британска Колумбија, лежи овој канадски град, кој има природна предност кога е во прашање одржливоста. Користејќи обновлива енергија и хидроенергија, воздухот во градот е свеж и чист и за разлика од многу северноамерикански градови, Ванкувер промовира и урбан начин на живот, што покажува дека неговите улици преполнуваат живот. Секако, можете да се опуштите и во еден од двесте паркови, од кои најимпресивен е Паркот Стенли.

Амстердам

Градот одамна е синоним за велосипедизам, тој е „прошаран“ со канали, па не треба да изненадува што е еден од најзелените градови во светот. Посетете го обновениот поранешен индустриски центар на Амстердам Норд и опуштете се покрај вода или истражете ги руралните предели. Норд стана и креативен центар на градот, каде е можно да се посетат бројни галерии, ресторани.

Сингапур

Иако најчесто се поврзува со светкави облакодери и екстремна чистота, Сингапур е исто така најзелен азиски град. Како мал остров без природни ресурси, тој сепак најде начин да иновира врз основа на екологијата. За локалното население, градините на покривите на зградите одамна станаа начин на живот. Затоа, ако патот ве носи тука, не само што ќе гледате во светкавите облакодери, туку и ќе уживајте во количината на зеленило.

Рејкјавик

Иако не е премногу голем (има 115.000 жители), Рејкјавик е одличен пример за град кој користи обновливи извори на енергија. Целата топла вода, греење и електрична енергија доаѓаат од хидроцентрали и геотермални извори. Пренесено, ова значи дека можете да уживате во топли извори, загреани надворешни базени и свеж воздух. За храбрите, ја препорачуваме геотермалната плажа Наутолсвик, каде се среќаваат ладното море и топла геотермална вода. Исланѓаните шетаат по неа цела година, затоа соберете и вие храброст.