Намален стрес и зголемена концентрација со трендот „brain flossing“ – избришете ја „маглата“ од вашата глава со едноставни звуци
Ако сте биле на TikTok во последно време, веројатно сте налетале на еден невообичаен тренд наречен „мозочен конец“ (brain floss).
Но, за разлика од забниот конец, овој не вклучува лажни ветувања дадени од вашиот стоматолог.
„Мозочниот конец е феномен за ментална благосостојба инспириран од идејата за прочистување на умот, слично како што конецот ги чисти забите“, вели Уладзимир Сеурук, основач и директор на компанијата за здравје и благосостојба Cata-Kor. „Вклучува слушање на 8D аудио — звуци кои се префрлуваат од лево во десно уво“.
Овој вид аудио создава чувство дека музиката се движи околу вашата глава, како да се „чисти“ мозокот од непотребна ментална врева.
Како до најдобар ефект?
„8D аудиото е форма на звучен инжeнеринг што овозможува попродлабочено слушателско доживување, при што звукот се чувствува како да доаѓа од сите страни“, објаснува Сеурук. „Тоа ги активира двете мозочни хемисфери, создавајќи јасност и релаксација. Многумина го нарекуваат „копче за ресет“ за умот“.
За најдобар ефект, Сеурук препорачува слушалки бидејќи тие овозможуваат изолирање на звукот во секое уво и создавање илузија на движење.
Оваа техника може да помогне при релаксација, подобар сон и концентрација, а има и долгорочни придобивки. „Овој вид ментална стимулација може да ја поддржи когнитивната функција преку намалување на хроничниот стрес, кој е познат ризик-фактор за когнитивен пад,“ додава Сеурук.
Начини да се спречи деменција
Истражувањата покажуваат дека мали „вежби“ за мозокот – како решавање крстозбори или учење нов јазик – можат да помогнат во спречување на деменција. Некои луѓе велат дека со brain flossing полесно ги процесираат емоциите или траумите, и чувствуваат олеснување и ментална леснотија по сесијата.
Дополнително, овој метод е едноставен, достапен и најчесто – бесплатен. Постојат апликации што го конвертираат обичното аудио во 8D формат, а ефектот може да се постигне и самостојно.
„Сѐ што ви треба се слушалки и мирно место, што го прави одлична навика за самогрижа“, вели тој, додавајќи дека многумина, вклучувајќи и лица со АДХД, ја ценат веднаш чувствуваната смиреност.
Совети за brain flossing
• Користете квалитетни слушалки
• Изберете тивка, мирна средина
• Почнете со кратки сесии (5–10 минути) и постепено зголемувајте го времето
• Истражете различни звуци – некои претпочитаат природа, други музика без текст
• Слушајте на умерена јачина за да избегнете преоптоварување
Коментирај анонимно