Наместо 8 часа летање, новиот суперсоничен авион на НАСА од Европа до Америка ќе лета за ЕДЕН И ПОЛ час

НАСА сака да пушти комерцијални летови од Њујорк до Лондон за кој ќе трае само час и половина. Американската вселенска агенција оваа недела објави дека го истражува „деловниот случај за суперсонични патнички воздушни патувања“.

Леталото ветува неверојатни брзини меѓу 2 и 4 мах, или од приближно 2470 километри на час – двојно побрзо од максималната брзина на воен авион F/A-18.

 

 

 

Според НАСА, следната фаза од нивното истражување за брзиот воздушен сообраќај сега е во тек: два 12-месечни договори доделени на Боинг, Ролс-Ројс и други за да помогнат во концептуализирањето на новиот авион и да се изгради „технолошки патоказ“.

Претходно ова лето, НАСА го комплетираше својот тивок суперсоничен тест авион Х-59, кој е дизајниран да ги пригушува сопствените звуци; програмата која ќе послужи како инспирација за новиот џет проект.
Актуелниот најбрз патнички авион во светот, француското и британското производство Конкорд го направи својот брз лет меѓу Њујорк и Лондон на 7 февруари 1996 година, преминувајќи го Атлантикот за само 2 часа 52 минути и 59 секунди. За споредба, стандардниот голем патнички авион денес лета со брзина на крстарење од околу 956 километри на час.

На овие авиони може да им бидат потребни 5 часа или повеќе за да го направат патување од Њујорк до Лондон. Но, авионите Конкорд беа „пензионирани“ во 2003 година по падот во комерцијалната авијациска индустрија и широко објавениот прв и единствен пад на Конкорд во 2000 година.

НАСА се надева дека ќе го намали дури и времето на летање на Конкорд речиси на половина.

Според менаџерот на Проектот за хиперсонична технологија на НАСА, Мери Џо Лонг-Дејвис, фазата на развој на новиот хиперсоничен патнички авион ќе се фокусира на намалување на бучавата при полетување и слетување на почетокот, оставајќи ги сите проблеми со звучните бумови во средината на летот и подоцна.

 

 

И Соединетите Американски Држави и многу други нации забрануваат суперсонични летови преку копно, наведувајќи го загадувањето и бучавата, како и други проблеми.
Напредната програма за воздушни возила на НАСА (AAVP) ќе ги надгледува двата нови договори кои ќе произведат технолошки патокази со детали за хиперсоничните опции за воздушно патување.

Воздухопловниот гигант Боинг ќе го предводи првиот тим, управувајќи со партнери како „Exosonic“, „GE Aerospace“, „Georgia Tech Aerospace Systems Design Laboratory“ и „Rolls-Royce North American Technologies“.

 

 

„Northrop Grumman Aeronautics Systems“ ќе го предводи вториот договорен тим, кој ќе ги надгледува партнерите „Blue Ridge Research and Consulting“, „Boom Supersonic“ и „Rolls-Royce North American Technologies“, кој учествува во двата тима.

Двата тима ќе имаат задача да дизајнираат концепти за изгледот на патничкиот авион, неговиот енергетски систем, методите на погон, управувањето со топлинските издувни гасови и триењето, како и употребените лесни, но цврсти композитни материјали.

 

  • alex напиша:

    А БЕ И КОНКОРД ЛЕТАШЕ … ДО БАНКРОТ !!!! :))))

    • Ivo напиша:

      Грешка си бато, Конкорд го приземјиа поради проблеми, имаше некоја грешка во дизајнот, башка им сметаше п малку политика и така…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *