Наместо ружа на првиот состанок донел нешто по што сигурно нема да има втор состанок

Откако се запознале на страницата за запознавање Тиндер, одлучиле да излезат на состанок, но она што момчето го понел со себе му загарантирало дека нема да се видат уште еднаш.

Девојката, која анонимно ја сподели својата приказна, го поканила дечкото кој го запознала на Тиндер на скара во нејзината куќа. Состанокот уште на почетокот тргнал на лошо.

Момчето пристигнало доцна, признавајќи ѝ на девојката дека возела околу куќата размислвајќи дали е можеби подобро да замине дома. Покрај тоа тој цело време зборувал за неговата семејна драма. Ако тоа не е доволно лошо, дечкото сам си донел своја храна за скара која сам и ја изел.

Меѓутоа убедлво најлошиот дел од приказната е тоа што дечкото со себе ја носел пепелта од неговата покојна мајка и ѝ велел на девојката дека „сака да ја запознае со мајка му“.

Човекот продолжил да објаснува дека ова не е првпат неговата мајка да му се придружи во специјална прилика и дека тој ја носи нејзината пепел на „секој важен настан“.

Девојката за необичниот состанок додаде дека „и самата има изгубено драги чичности, и разбира дека секој има различен процес на тагување, но ова е премногу“.