„Направив експертимент и не седев цели 5 дена – еве како тоа го промени моето тело, од добро до екстремно болно“
Истражувањата препорачуваат да се стои два до четири часа дневно за време на работниот ден за да се намалат ризиците по здравјето предизвикани од долго седење. Но, Јутјуберот Лукас Бол, познат како Pigmie, отиде чекор подалеку — одлучи цела недела воопшто да не седне.
Правилата беа строги: му беше дозволено да лежи само осум часа навечер, но остатокот од времето мораше да биде исправен. Дури и во тоалетот не седеше, туку клечеше, а во автомобилот не го допираше седиштето со задникот. Целта му беше да ја истражи физичката и менталната цена на продолженото стоење, како одговор на проблемите што произлегуваат од предолгото седење — болки во грбот, лошо држење, дегенерација на зглобови и проблеми со циркулацијата.
Што се случило по третиот ден?
Тој забележал дека бил попродуктивен додека работел стоечки, бидејќи немал време за одвлекување внимание. Стоел и додека јадел или гледал телевизија, а наместо да вози, пешачел. Но, веќе на третиот ден почнале проблемите: болки во нозете, замор и влошено држење на телото. Почнал и постојано да јаде, веројатно како начин да се одвлече од непријатноста, и на крај накачил еден килограм.
До петтиот ден, болката во колковите и колената станала неподнослива, а спиењето се влошило. Сепак, тој забележал побрзо варење на храната и околу 30% зголемена продуктивност.
Експертите советуваат дека најздрав пристап не е само стоењето, туку и редовно движење во текот на денот.
Коментирај анонимно