„Направивме забава, наместо погреб, за мојата сестра која беше не смртната постела. Тоа беше магично, воопшто не беше морбидно!“
Пред нејзината смрт минатата година, 34-годишна девојка упатила необично барање – сакала забава. Наместо тажење, таа сакала прослава на нејзиниот живот со широк список на гости и со целото нејзино семејство и пријатели.

„Би го опишала како извичник на крајот од реченицата. Круната на нејзиниот живот“, изјави Џена Сатертвејт, постарата сестра на Хајди.
Во 2018 година, на Хајди и бил дијагностициран миелодиспластичен синдром, или МДС, редок вид на рак што се јавува кога клетките кои формираат крв, пронајдени во коскената срцевина, се абнормални.
„На наше крајно изненадување и задоволство, 200 луѓе се појавија во последен момент, во средината на летото“, рече таа.

„Луѓето ги откажаа годишните одмори, се качија во авиони, изнајмија автомобили и се појавија кај неа за да се збогуваат“.
„Беше волшебна и исполнета со болка прослава на нејзиниот живот“. Хајди и нејзиниот сопруг танцуваа на истата песна што беше пуштена на нивната свадба.


Џена напиша слатка поема со наслов „Совети за умирањето“. Во него, таа советува да се организира забава, а не погреб, за оние кои имаат љубов кон животот.
„Тоа е момент кога паузирате за да го признаете убавиот живот – а ние не го правиме тоа често, лоши сме во славењето, секогаш гледаме на следното нешто и ги менуваме нашите цели“, изјави Џена.

„Значи, беше навистина посебно да се собереме и да ја затвориме реченицата како група и да кажеме: „Ова беше нејзиниот живот, таа добро го живееше“. Извичник.”

Glurosti od sestrata na bolnata a uste poglupavo od urednikot sto go stava na Motika,pa imajte malku svest,ne e se sto kje vidite i da objavuvate.
Коментирај анонимно