Напуштено маче било пронајдено со порака на ременот која ги разбранува емоциите

Обично, кога животните се напуштени од нивните поранешни сопственици тоа е затоа што тие повеќе не сакаат да се грижат за нив. Но, ова не мора секогаш да биде така.

Ваков е случајот со сијамската мачка Виолет, која била пронајдена на улиците во Илиноис. Спасувачите на мачката веднаш сфатиле дека мачката била добро згрижена и забележале дека има „многу слатка“ природа .

Но, пораката врзана за нејзиното ременче сведочела за тоа колку била сакана мачката во претходниот дом. Срцезатоплувачката порака, напишана од страна на дете, кои ги замолува идните сопственици да се грижат за Виолет, гласи вака: „Чао Виолет. Мислам дека тоа име те избра. Посакувам да те чувам. Чао Виолет, се надевам дека ќе најдеш добар сопственик. До сопственикот: Ве молиме, внимавајте на неа. Патем, јас ѝ го дадов името. Ви благодарам! Со љубов, Лејси.“

Многу луѓе биле трогнати од пораката на девојчето, а жена по име Синди веднаш посакала да ја посвои. Таа исто така вели дека сака да го пронајде девојчето Лејси за да може и таа да ја гледа мачката доколку не може да ја чува дома. Жената се надева дека преку социјалните мрежи ќе успее во нејзиниот план.