Нараквица на фараон стара 3.000 години исчезна од Египетскиот музеј во Каиро

Во срцето на Египет, наjзначајниот национален музеј се соочува со скандал: вреден артефакт, некаде помеѓу златото и историјата, едноставно исчезнал. 3000 години стара нараквица, која припаѓала на фараонот Аменемопет, е изгубена додека била во лабораторијата за реставрација.

Нараквица на фараон стара 3.000 години исчезна од Египетскиот музеј во Каиро

Министерството за туризам и древности на Египет го испрати случајот во обвинителството и формираше комисија за итна проверка на сите експонати во музејската лабораторија. Фотографија од бесценетата нараквица беше испратена низ сите аеродроми, морски и копнени граници низ Египет да се спречи изнесување преку шверц.

Владата алармира: Национален лов по изгубената нараквица – максимални безбедносни мерки на царините и аеродромите

 

Изработена од масивно злато и украсена со скапоцена лазуритна монистра – камен познат по длабоката сина боја и златести точки – овој накит бил предмет на восхит и љубов за самиот фараон Аменемопет. За него, оваа нараквица била симбол на моќта и вечноста.

Аменемопет бил владетел на XXI династија, кој ја водел државата од 993 до 984 година пред новата ера. Неговата гробница, откриена дури во април 1940 година од француските египтолози Пјер Монте и Жорж Гојон, содржела безброј артефакти, но токму овој накит бил најблиску до неговото срце.

  • Рамиз напиша:

    Некој политичар од северџистан го крадел.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *