НАСА ја поправа сондата на Марс како ние што ги попрвавме нашите Пентиум 4

НАСА, вселенската агенција која е заслужна за иднината во истражувањето на вселената и научното откритие, успеа да поправи скршена сонда на Марс на многу „софистициран“ начин. Секако дека има многу комплицирани процедури со кои се решаваат техничките проблеми, ама очигледно овие наједноставните се воедно и најефикасни.

Сондата не слетала добро, односно не можела добро да се постави на површината на Марс па така научниците наједноставно ја „треснаа“ со нешто што наликува на лопата. И експериментот е успешен… секако. Вакви „финти“ функционираа и кога Пентиум 4 ќе ни закочеше.