НАСА ќе ви открие што се случувало во вселената на денот на вашиот РОДЕНДЕН

Годината 2020 година е многу важен момент во историјата на вселенското истражување, при што вселенскиот телескоп Хабл го слави својот триесетти роденден. Да. Еден од најпознатите предмети што некогаш биле испратени во орбитата трае силно веќе 30 години, фаќајќи безброј воодушевувачки глетки.

За да ја прослави оваа важна годишнина, НАСА им дава можност на љубителите на астрономијата (но и астрологијата) да дознаат што видел телескопот на нивниот роденден.

Сè што треба да направите е да го изберете месецот и датумот на вашиот роденден со кликнување на линкот ТУКА и можете да откриете какви извонредни работи се случувале во универзумот додека ја сечевте тортата. Многумина ги споделуваат своите резултати на Твитер и Инстаграм користејќи го # Хабл30, а резултатите се – сосема буквално надвор од овој свет.

Опишан со приближна големина на училишен автобус, телескопот Хабл првично беше лансиран во 1990 година и оттогаш направи повеќе од 1,4 милиони набудувања на бројни  sвезди, планети и галаксии.