НАСА ќе го емитува во живо првото слетување на Месечината по 52 години

НАСА планира да пренесува во живо првото слетување на Месечината по 52 години кога астронаутите ќе се вратат со мисијата Артемис 3 во 2026 година.

Тие имаат намера да покажат вистински астронаути како работат на Месечината, користејќи ласерска технологија за да пренесуваат видео во живо. Наместо да користат традиционални радио бранови, НАСА тестира нов метод на комуникација што користи ласерски зрак за да ги поврзе астронаутите на Месечината со контролата на Земјата.

 

Во декември 2023 година, НАСА успешно испрати видео од мачката по име Татерс од 30 милиони километри далечина назад на Земјата, користејќи ja оваа ласерска комуникација. Во јуни, тие ја тестираа оваа технологија со поврзување на авион на НАСА со нивниот истражувачки центар во Охајо. Минатиот месец, тимот испрати 4K видео до Меѓународната вселенска станица и назад на Земјата,докажувајќи дека е можно да се пренесат над 900 мегабити во секунда на податоци на безбеден начин.

 

Рејчел Дудукович, главен инженер во НАСА, објасни дека оваа технологија решава проблеми како доцнења и прекини предизвикани од временските услови. Ако врската се изгуби, податоците се складираат и се испраќаат штом се обнови врската.

Покрај преносот во живо, оваа технологија ќе создаде „вселенска мрежа“, што ќе ги одржува астронаутите поврзани со Земјата повеќе од кога било досега.

  • Горан напиша:

    Жими тасе
    Фашизам на дело со лажење, А се знае ли кој ќе биде режисер на овие глупости

  • Жарко Г. напиша:

    А, сега Тарантино ќе го режира слетувањето. Знаеме дека Кјубрик е мртов веќе повеќе години па реално се наметнува прашањето копј познат режисер ќе го режира и снима слетувањето во некпое студио на Холивуд.
    Каубојците во очај не знаар повеќе што да направат.
    Двајца астронаути им останаа заглавени во ИСС и немаат можност ниту капацитет да ги вратат, а ваму ќе оделе на Месечината.
    Мижи Асан да ти баам.
    Но, Каубојција или Соединетите Холивудски Држави и…се е можно!!!

  • А бе ај напиша:

    Ни слетале 1969г, ни во 2026г. ќе слетаат.
    Има некои причини што укажуваат од нивните видеа, слики и изјави и документација дека не слетале туку сето е изрежирано. Прашања:
    1. Нил Армстронг прв цапнал на месечина?
    1.1. Прашање: Кој го сликал? – ако било кој друг член го сликал, значи Армстронг не е прв.
    2. Стапалото од Армсторнг намесечина е со длабински шари, а оделото што го носел се рамни излижани и истото е објавено во музеј како што може да се види;
    3. Брзината на движење и паѓањето на песокот/земјата некако не е ускладено, тогашната филмска индустрија не била напредна како денешната, па така да, на иста брзина на видеото различно паѓа земјата-песокот што ја фрла возилото;
    4. Оделата што ги носеле и „шаталот“ и модулот што стасале до месечината немало тогаш доволна заштита од космичкото зрачење и би умреле за кратко време, арно ама….живи здрави се….
    5. Снимката од тоа каде што го вози возилото, кадарот во позадина ист се наоѓа во Канада, само се става филтер со нешниве мобилни и снимката е иста како на месечина (по нетов беше објавено и со точни координати кај се најдува, па секој може што има можност да појди и да види со свои очи);
    6. Зошто од 1969 до денес не цапнале повеќе кога има многу минерали и Хелиум 3, што може да се прави гориво како водород и повеќе е исплатливо да се носи од месечина, отколку тука да се прави со хемиски реакции, разложувања итн итн.
    7. НАЈБИТНО, тогаш мисијата чинела 25,4 милијарди долари во тоа време. Претставувајќи значителна инвестиција, оваа сума е еквивалентна на над 150 милијарди долари денешни. И како тоа за време на архивирање во 2006 година се уништени сите битни работи од документи, пресметките од летањето, магнетните снимки (видео и аудио) од комуникацијата што ја имале астронаутоте итн итн. Сетоа тоа укажува колку е преоѕирно дека воошто не биле, туку е само изрежирано на филмско платно и пласирано на целиот свет. И сета тое е случено кога познат филмски режисер не се сеќавам точно на името, го има по интернетов, им ги бара оргиналните снимки за да може софтверски да го подобри квалитетот и снимките да ги направи во HD и во боја. И оп, баш тогаш им текнува да ги уништат….така да….
    Спорет тоа НАЈГОЛЕМАТА лага од минатиот век.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *