НАСА објави видео од топлинска мапа, која дава уште една причина да ја мразиме 2020

Секој пат кога ќе излезат новини за уште еден извештај за тоа колку страда планетата од загадување и како климатските промени се влошуваат од минута во минута, наместо да мислиме „отиде светот“ веројатно треба да го претвориме тоа во позитивно размислување и да започнеме да размислуваме што можеме да сториме за да го спречиме тоа.

Па, подгответе ги позитивните мисли, затоа што ќе ни требаат. НАСА изготви видео во кое се прикажува историјата на зголемувањето на температурата во последните 140 години, а работите не изгледаат толку добро бидејќи минатата година беше прогласена за најжешка во историјата, изедначена на првото место со 2016 година.

Според научниците од Институтот за вселенски истражувања Годард на НАСА, во Њујорк глобално просечната температура на планетата е потопла за 1,84 степени Фаренхајтови, или 1,02 степени Целзиусови, од почетната вредност од 1951-1980 година.