НАСА откри „Супер Земја“ стара 10 милијарди години
Астрономите кои вршат преглед на планети надвор од нашиот Сончев систем, откриле нова егзопланета различна од сѐ она што сме го виделе досега, обезбедувајќи ни докази дека планетите постојат од многу поодамна отколку што сме мислеле.
TOI 561-b е една од трите планети откриени ккао орбитираат околу ѕвездениот систем TOI 561, кој прв го истражуваше сателитот за истражување на транзитната егзопланета на НАСА. Сега, тим од планетарни астрофизичари кои работат во UC Riverside заклучија дека и покрај тоа што е неколку пати поголема од Земјата, TOI 561-b има приближно иста густина како нашата планета, што сугерира дека можеби е една од најстарите карпести планети, или „Супер Земји“, некогаш забележани.
„Супер-земја“ е дефинирана како планета со поголема маса од нашата Земја, но помала маса или од Уран или од Нептун. Планетите означени како „Супер-земји“ не мора да имаат услови слични на Земјата што би го поддржувале животот или би ги направиле населливи, но тие овозможуваат фасцинантен увид во животот и формирање планети како нашата.
Студија за планетата објавена во „Астрономски весник“ откри дека на TOI 561-b ѝ треба само половина ден да кружи околу својата ѕвезда домаќин, делумно поради нејзината близина. Студијата проценува дека планетата има температура на површината од околу 2.000 степени, премногу жешка за да може да го одржува животот, но научниците не ја исклучуваат можноста тоа да се случувало во минатото.
Научниците се позаинтересирани за тоа како се формирале планети во најраните фази на универзумот. Лорен Вајс, постдокторски соработник и раководител на тимот на студијата, објасни дека постоењето на оваа конкретна Супер-Земја „покажува дека универзумот формира карпести планети скоро од своето основање пред 14 милијарди години.“
TOI 561 е една од ретките група sвезди наречени „галактички дебел диск“. Ѕвездите кои припаѓаат на оваа група обично содржат помалку хемиски елементи поврзани со други ѕвезди на Млечниот Пат и се верува дека се многу постари, формирајќи се пред околу 10 милијарди години.
И додека TOI 561-b можеби не е способна да поддржува живот, членот на студијата Стивен Кејн верува дека постоењето на планетата покажува дека најверојатно има и други слични, потенцијално погодни за живеење Супер-Земји.