НАСА разви парфем специјално за астронаутите со миризба на која ретко кој од нас помислил

Кога ќе слушнете дека НАСА развила парфем специјално за астронаутите прво што помислувате е некој релаксирачки мирис, кој ќе им помогне да се смират, одморат или слично. Ретко кој си замислува како мириса вселената. Си претпоставувавме бидејќи таму нема воздух нема што да се намириса, зарем не? Плус, астронаутите се облечени во специјални скафандери, зарем навистина би можеле да мирисаат нешто?

НАСА има поразлично мислење во врска со ова. Тие креираа парфем во обид да им помогнат на астронаутите да ги подготват своите сетила пред мисиите. Парфемот го опфаќа „уникатниот мирис на ѕвездите“. Уште во 2008 година, НАСА го договори Стив Пирс да се обиде да го создаде мирисот; предизвик кој траеше околу четири години за да се постигне.

Астронаутот Пеги Витсон, кој е поранешен жител на Меѓународната вселенска станица, претходно изјави за CNN дека вселената мириса како измешани миризби од пиштол, веднаш откако ќе испукате куршум. Таа продолжи да го опишува мирисот како „горчлив“ покрај тоа што е „зачаден и изгорен“.

Пирс ја зеде својата инспирација од извештаите на астронаутите, велејќи дека тој слушнал како миризбата на вселената се опишува како мешавина од барут, добро запечен бифтек, малини и рум.

Додека пољубопитните жители на планетата Земја би сакале да почувствуваат како мириса вселената, парфемот не беше достапен за јавноста, но сега компанијата Eau de Space врши притисок да го стави на располагање.

Менаџерот за производи од Eau de Space, Мет Ричмонд рече дека главната цел на Kickstarter е да го зголеми интересот за учење на децата преку „експериментално образование“. Тој се надева дека Eau de Space ќе ја започне дискусијата, при што родителите, наставниците и научниците ќе продолжат од таму.

Kickstarter имаше цел од 1.595 фунти, но ја надмина својата цел во рок од неколку дена и успеа да заработи неверојатни 20.250 фунти, за започнување на бизнисот. Очигледно има многу љубопитни луѓе.