НАСА сподели фотографија од необична дупка на Марс која е „добар кандидат за живот на планетата“

Научно гледано, Земјата е единствената планета на која што има живот. Теоретски гледано, другите планети во Сончевиот систем би можеле да имаат некаков вид на живот.

Додека сѐ уште е вистина дека ние сме единствената планета за која што знаеме дека има живот и теориите за вонземјани на Плутон или Сатурн се чинат апсурдни научниците сега споделија докази кои би можеле да сугерираат живот на Марс.

НАСА сподели фотографија која прикажува „необична“ дупка на површината на Марс, за време на викендот, 1 март, заедно со објаснување од страна на професионален астроном што укажа на тоа дека дупката е значајно откритие.

Дупката за која станува збор се чини дека е влезот во голема подземна пештера, која е делумно осветлена на фотографијата и се верува дека е длабока 20 метри. Според анализата на сликата, научниците веруваат дека отворот е широк приближно 35 метри.

Зошто постои кружен кратер околу оваа дупка останува тема на шпекулации, како и целокупниот обем на подземната пештера. Дупките како што се ова се од особен интерес затоа што нивните внатрешни пештери се релативно заштитени од суровата површина на Марс, што ги прави релативно добри кандидати да содржат марсовски живот.

Затоа, овие јами се главни цели за можни идни вселенски летала, роботи, па дури и човечки меѓупланетарни истражувачи. Орбитарот за извидување на Марс на НАСА ги проучуваше атмосферата и теренот на Црвената планета од орбитата од 2006 година, и продолжува да го прави тоа.