НАСА сподели фотографија од „превртениот град“ под облаците и велат дека постои сосема логично објаснување на ова

Превртените градови ги има само во фикцијата, така? Барем до овој момент сите така мислевме. Но, сепак сега постои доказ дека вакво нешто може да се забележи и надвор од филмовите. НАСА ја откри својата Astronomy Picture of the Day (Астрономска фотографија на денот) и ги воодушеви, но и збуни сите. Станува збор за фотографија на која се гледа град свртен наупаку под облаците.

Фотографијата не подлежи на Фотошоп или било какво уредување. Градот на сликата е Чикаго и фотографијата е направена од фотографот Марк Херш од авион. Но, како е ова можно?

НАСА ја сподели фотографијата на својата страна Astronomy Picture of the Day при што научниците Роберт Немироф и Џери Бонел детално го објаснуваат чудниот феномен.

Во своето образложение за превртениот Чикаго научниците ја опишаа фотографијата како „фасцинантна“ и „збунувачка“ сепак „убава“, додавајќи дека е направена од авион при приближување кон Меѓународниот аеродром во Чикаго О’Хара во 2014 година.

„Како може тој град да биде наопаку? Градот, Чикаго, всушност беше совршено десно-горе. Долгите сенки што ги проектираше кон блиското езеро Мичиген близу зајдисонцето, кога се гледаат како одраз, прави зградите да изгледаат како превртени. Сонцето може да се види како да е над и под облакот, така што последното се рефлектира во мирното езеро. Како бонус, ако погледнете навистина внимателно – и ова е добар предизвик – можете да најдете друг авион на сликата, најверојатно како се приближува кон истиот аеродром.“, велат научниците.