НАСА сподели неверојатно видео кое ја прикажува декадата на Сонцето, во еден час

Од февруари 2010 година до јуни оваа година, Опсерваторијата за соларна динамика направи 425 милиони фотографии со висока резолуција на Сонцето. Ова изнесува неверојатни 20 милиони гигабајти податоци, овозможувајќи „безброј нови откритија“ за тоа како ја разбираме нашата свезда.

Во текот на 61-минутното видео, ќе бидете сведоци на „транзитирање на планети, ерупции“ и цел соларен циклус, во кој се гледаат како се вртат северните и јужните полиња на Сонцето. Секоја секунда од филмот претставува фотографии направени во еден ден; ако сакавте да видите како изгледаше Сонцето на вашиот роденден, сега е вашата шанса.