НАСА тестира „летачко такси“ што може да достигне брзина од 320 километри на час

НАСА започна со тестирање на таканареченото „летачко такси“ кое може да достигне брзина од 320 километри на час.

Вселенската агенција го започна тестирањето во понеделник, 30 август, заедно со Joby Aviation, кое ќе трае до 10 септември.

Возилото е опишано како електричен авион за вертикално полетување и слетување (eVTOL), ова е првпат НАСА да тестира авион eVTOL како дел од националната кампања за напредна воздушна мобилност.

Joby Aviation е првата компанија која учествува во кампањата на НАСА за напредна воздушна мобилност.

Возилото може да собере до четири лица, може да патува со брзина до 320 километри на час и е наменето да служи како комерцијална патничка возило во иднина.

Дејвис Хакенберг, менаџер за интеграција на мисијата изјави:

„Тестирањето е важен стратешки чекор во целите на НАСА за забрзување на временската рамка на индустријата за напредна воздушна мобилност. Овие тестирања ќе помогнат да се откријат недостатоците во сегашните стандарди и да се искористи напредокот во индустријата за интегрирање на „летачки возила“.

Покрај спроведувањето на тестовите, НАСА исто така ќе ја советува Федералната управа за воздухопловство за новите правила што треба да ги напише за да одговараат на воздушните такси возила.