Насмеан „сериски“ психопат ги напаѓа луѓето низ Торонто со необично „оружје“

Веќе некој период луѓето од Торонто се преплашени од сериски фрлач на измет, откако и трета жена стана „жртва“ на неговата болна шега. Насмеаниот психопат по кој трага полицијата исфрла кофа дијареа врз жртвите и бега.

Полицијата соопшти дека кофа ‘течна фекална материја’ била истурена врз жената во околината на Колеџот Стрит и Универзитетската авенија околу полноќ, во близина на кампусот на Универзитетот во Торонто.

Службениците сè уште не потврдија дека одговорното лице за секој инцидент е иста личност, иако сличностите се преголеми: во секој случај, осомничениот се приближувал до некое лице во универзитетска библиотека пред да фрли кофа со течна дијареја врз нив и да избега.

Првиот инцидент, наводно, се случил во Библиотеката „Робартс“ на Универзитетот во Торонто, на 22 ноември, при што еден студент, кој бил сведок на нападот, велел дека човек со кофа се појавил од никаде. Таа рече дека мажот отишол кај момчето кое седело на маса и ја фрлил кофата – која мирисала урина и измет – над главата без предупредување.

Вториот инцидент се случи во библиотеката во кампусот на Универзитетот Јорк во неделата, 24 ноември. Токму овој инцидент овозможи полицијата да го види осомничениот на надзорните камери.